16 Декември, 2025
0.0728

Трагичен крај и за турскиот обвинител: Почина од повредите

Објавено во: Балкан 01 Април, 2015 07:55

Добивај вести на Viber

Турскиот обвинител Селим Кираз, кој беше претходно земен како заложник во Истанбул, почина во болница поради добиените повреди при ослободувањето.. „Селим Кираз добил многу тешки повреди. Го очекувавме тука цело време. Сè беше подготвено за секакви повреди и било каква состојба. Неговото срце престана. И покрај сите напори на лекарите не успеавме да го спасиме“, изјави претставник на болницата во која обвинителот беше хоспитализиран. Киднаперите на турскиот обвинител влегле во судот со адвокатски облеки Терористите кои го зедоа Кираз како заложник, влегле во зградата, маскирани како адвокати - со облека, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Романија, коментирајќи ја операцијата во Истанбул. Операцијата за ослободување на обвинителот траеше околу 15-20 минути. Полицијата употреби парализирачки гранати и влезе во престрелка со екстремистите. Во кабинетот на обвинителот, каде што тој беше држен, имаше двајца терористи. Кираз беше земен како заложник од страна на членовите на нелегалната левичарска партија „Народен Револуционерен  Фронт за ослободување“ (DHKP-C) во врска со случајот за убиството на жртвата од протестите за паркот „Гези“ Беркин Елван. Тој почина на 11 март 2014 година . Пред тоа беше 269 дена во кома, откако беше погоден со проектил со солзавец за време на протестите за паркот „Гези“. Кираз бил назначен за обвинител во случајот пред шест месеци.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството