Трајанов: Немаме проблем Бугарите да влезат во македонскиот Устав, но истото да се случи и со македонското малцинство во Бугарија
Објавено во: Македонија 20 Април, 2022 20:11
Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов вели дека Македонците во Бугарија треба да бидат признаени и да имаат свои права.
Трајанов вели дека коалицијата не била консултирана за ниту едно прашање поврзано со Бугарија откако Димитар Ковачевски е премиер.
„Со Заев отворено сме разговарале неколку пати, но тоа помина. Сега сме влада со нова програма и нови определби, но за бугарското прашање со Заев сме имале различни ставови. Ставот на ДС е јасен, ние сме Македонци со свој јазик. Бараме реципроцитет во врска со прашањето за малцинствата во двете земји. Немаме проблем Бугарите да влезат во македонскиот Устав, но истото да се случи и со македонското малцинство во Бугарија. Голем број пратеници нема да поддржат решение кое нема да вклучува реципроцитет. Наша цел е Македонците да бидат признати во Бугарија. Ние како држава сме демократска, секој може да формира своја партија, се негура обичаи на одредено малцинство, зошто да биде тоа проблем и во Бугарија? Никој не сака да се доведат во прашање нашите национални интереси“, рече Трајанов во Дневникот на ТВ Сител.
Вели дека изјавите од Бугарија од претходната влада на Бојко Борисов се повторуваат со посетата на тамошниот државен врв во Битола.
Бугарија инсистира за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, но како што кажа потпретседателката Илијана Јотова неодамна во Охрид, и со тоа нема да се тргне ветото за почеток на преговори со ЕУ, туку имаат повеќе услови за учениците и спомениците.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




