Трајановски и Тодоровиќ се судрија за паркинзите, граѓаните плаќаат двојни сметки!
Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2013 08:15
И додека двете претпријатија се во конфликт околу паркиралиштата во Дебар маало, граѓаните остануваат збунети, на кого да му платат за паркинг, а поделбата на улиците останува нејасна.
Битка за Дебар маало
Чудно е што иако недоразбирањата се одвиваат пред очите на градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ и пред градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, ниту еден од нив досега не ги пресече караниците. Минатата година дел од градските советници обвинија дека општинското претпријатие незаконски го добило паркингот позади Соборниот храм, но тогаш градоначалникот Трајановски ги отфрли обвинувањата и објасни дека општинското претпријатие е легално формирано, а паркингот кај Соборниот храм логично било да му припадне на ова претпријатие. И тогаш од “Паркинзи Центар” излегоа со став дека тие ќе стопанисуваат со паркиралиштата на сервисните и станбените улици на територија на Центар, а во Дебар маало системот на организирана наплата е само на местата со кои никој не стопанисува.
Битката за Дебар маало трае цела година. ЈП „Градски паркинг“ уште кога општинското најави дека ќе воведе зонско паркирање на дел од паркиралиштата во оваа наслеба, излезе со став дека нема да ги даде паркинг местата со кои сега стопанисува во Дебар маало, на ЈП „Паркинзи Центар“. Од Градски паркинг тогаш изјавија дека сите паркиралишта во Дебар маало, освен улицата Ленинова биле под нивна надлежност.
Неуспешен обид за припојување на претпријатијата
Минатата година пропадна иницијативата за припојување на двете претпријатија за стопанисување со паркиралиштата, иако тоа беше најбезболната варијанта за спас на „Паркинзи на Општина Центар“ од финансиски колапс. Преговорите меѓу Центар и Град Скопје траеа неколку месеци, на иницијатива на двајцата градоначалници. На крајот после неколку месечни преговори “топло –ладно”, остана нејасно зошто овие претпријатија не се споија во едно. Општинското претпријатие, откако Центар со субвенции му ги покри финансиските загуби, продолжи нормално да работи.
Ј.С.Н.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници






