ТРАЈКОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА - делта сојот може да донесе и по 10 починати на ден, но може да нè спаси високата стапка на прележаност
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2021 10:14
Професорот по квантна механика, Дејан Трајковски, вели дека лошиот резултат кој го добиле во Израел за вакцината на Фајзер, треба да е сигнал и за нашава земја да воведе построга контрола на границите.
„Во Израел добиле многу полоши резултати за ефикасноста на вакцините од Фајзер против Делта сојот отколку во Велика Британија. Ефикасноста против сипмтоматски ковид опаднала од 94 отсто на 64 отсто, додека ефективноста против хоспитализација сé уште добро се држи, опаднала од 98 на 93 отсто.
Уште една причина да пробаме со строга контрола на границите да спречиме внесување на Делта сојот во државата. Ако пак се појави барем еден случај, според австралискиот метод на справување со кризата, цел град треба да се стави во 5-дневен карантин за да се спречи прелевање во остатокот од државата. Ако тоа не се направи, ќе имаме нов бран, само што бројот на мртви на милион жители нема да биде како во Велика Британија или Израел, туку како во Русија, со која ја споделуваме истата, ниска стапка на вакцинираност. Тоа за Македонија би значело до 10 починати на ден, но треба да се има предвид дека Русија веќе наметнала строг локдаун и задолжителна вакцинација во Москва. Без такви мерки, нема гаранција дека би се задржале на 10 починати дневно“, пишува на својот фејсбук профил професорот Трајковски.
Но, како што нагласува тој, во светло на изјавата на директорот на Државен завод за статистика дека не верува дека во земјата живеат повеќе од 1,5 милион жители, можно е сите пресметки за прележаноста да претрпат промени и всушност да имаме повисока стапка на прележаност. Но, смета, без спроведен попис и цврсти бројки, тоа сé уште останува во доменот на шпекулациите.
„Освен помалиот број на жители, има уште еден фактор што би можел да значи дека сме потенцијално поблиску до прагот на колективниот имунитет. Тоа е непознатиот процент на природно имуни луѓе на ковид-19, којшто беше споменуван во првите денови на пандемијата. Исто како и со пописот, без цврсти показатели за овој процент (доколку воопшто постојат природно имуни луѓе) и ова останува во доменот на шпекулациите“, пишува професорот Трајковски.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




