Тракторите ќе се легализираат до крајот на септември
Објавено во: Агробизнис 03 Април, 2013 21:22
Од Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) ја поздравија одлуката со која е прифати нивното барање за продолжување на рокот за легализација на трактори.
Според Законот процесот на легализација на тракторите требаше да заврши до 10 април така што сега се продолжува до 30 септември 2013 година. Барањето, како што се наведува во соопштението, ФФРМ го поднесе до Владата врз основа на информациите што ги доби од своето членство дека се уште станува збор за мал број трактори за кои е почнат процесот на легализација на трактори.
Според статистиката Република Македонија располага со 53.606 трактори.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





