ТРАМП Е ПРИЛИЧНО СИГУРЕН: „Ќе има договор меѓу Израел и Хамас“
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2025 08:39
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „прилично сигурен“ дека ќе има договор меѓу Израел и Хамас за неговиот план за прекин на војната во Газа.
- Мислам дека ќе имаме договор … Тие буквално со векови се обидуваат да постигнат договор со Газа … Израелскиот народ сака ова да се случи, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
На новинарско прашање дали заложниците ќе бидат ослободени денеска, на втората годишнина од нападот на Хамас врз Израел, на 7 октомври, Трамп не прецизираше временска рамка за објавување на договорот, објави „Њујорк тајмс“.
На прашањето дали бил во контакт со семејствата на заложниците во врска со неговиот предлог за Газа, Трамп рече дека бил и оти роднините на заложниците се „воодушевени“.
Трамп негираше дека неодамна му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да престане да биде толку „проклето негативен“ и да „прифати победа“ откако Хамас се согласи на предлогот на Белата куќа за прекин на војната во Газа.
- Не, не е вистина. Тој беше многу позитивен во врска со договорот, рече тој.
На прашање дали има црвени линии за Хамас во преговорите што почнаа во Египет, Трамп одговори потврдно.
- Ако одредени работи не се исполнат, нема да го сториме тоа. Но, мислам дека се справуваме многу добро. Хамас се согласи на работи што се многу важни, рече американскиот претседател.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




