18 Декември, 2025
0.0474

„ТРАМП Е ВО ПРАВО“: шефицата на европската дипломатијата призна дека зависноста од руската нафта ја поттикнува војната

Објавено во: Свет 25 Септември, 2025 09:54

Добивај вести на Viber

Висок функционер на ЕУ изјави дека Доналд Трамп „има право“ кога ги критикува европските земји кои продолжуваат да купуваат руска енергија, нарекувајќи го „големо жалење“ што ова сè уште се случува, објави Скај њуз.

Зависност што ја поттикнува војната

Потпретседателката на Европската комисија, Каја Калас, зборувајќи во емисијата „Светот со Јалда Хаким“, рече дека зависноста од руската нафта и гас директно ја поттикнува воената машина на Владимир Путин. 

„Го кажуваме ова веќе некое време, дека зависноста од руската нафта и гас всушност ја поттикнуваат војната“, рече Калас, која е висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.

Европската комисија предложи постепено укинување на увозот на руска нафта и гас до 1 јануари 2028 година. Иако повеќето членки престанаа да увезуваат руска сурова нафта во 2022 година, Унгарија и Словачка продолжија да купуваат.

Калас нагласи дека постојат алтернативи. 

„Соседите околу овие земји исто така предложија алтернативи, па можеме да го направиме тоа“, рече таа, додавајќи дека не верува дека Унгарија или Словачка треба да бидат санкционирани, туку напротив, охрабрени да ги прифатат предложените решенија.

Словачка и Унгарија го обвинува Западот за лицемерие

Сепак, Словачка во среда остро се спротивстави на притисокот. Министерот за надворешни работи Јурај Бланар рече дека неговата земја е подготвена да разговара за намалување на купувањата, но во исто време ги обвини некои западноевропски земји за лицемерие. Тој истакна дека увозот на течен природен гас (LNG) од Русија во Западна Европа се зголемил за 30 проценти во текот на изминатата година. „Франција, Шпанија и Холандија... па гледате дека сликата е малку пошарена од црно-бела“, рече тој.

Од друга страна и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто нагласи дека без руски гас и нафта, Унгарија не може да обезбеди стабилни резерви. Тој нагласи за британскиот „Гардијан“ дека Будимпешта не планира да престане да увезува енергија од Русија, и покрај притисокот од Западот. 

Тој додаде дека Унгарија го разбира апелот на Трамп до земјите од НАТО и ЕУ да престанат да соработуваат со Москва по енергетски прашања, но верува дека ова е нереално барање.

„За нас, снабдувањето со енергија е чисто физичко прашање. Убаво е да се сонува за купување нафта и гас од некаде, но можеме да купуваме само од таму каде што имаме инфраструктура. И ако се погледне физичката инфраструктура, јасно е дека без руски резерви е невозможно да се обезбеди безбедно снабдување на земјата“ изјави тогаш Сијарто.

Условите на Трамп за санкции

Доналд Трамп рече дека Соединетите Американски Држави се подготвени да воведат енергетски санкции врз Русија, но под еден услов - сите членки на НАТО да им се приклучат.

„Подготвен сум да воведам големи санкции врз Русија кога сите земји на НАТО ќе се согласат и ќе почнат да го прават истото, и кога сите земји на НАТО ќе престанат да купуваат нафта од Русија“, објави тој на својата платформа Truth Social.

На Генералното собрание на ОН, тој го повтори својот став, велејќи дека САД се подготвени да воведат „многу силна рунда моќни тарифи“ за да го запрат крвопролевањето. Но, за мерките да бидат ефикасни, нагласи тој, „европските нации, сите вие ​​собрани тука, ќе мора да ни се придружите во усвојувањето на истите мерки“.

Економски предизвици и руски приходи

Приходите од енергија остануваат клучен извор на финансирање за воените напори на Кремљ, поради што извозот на нафта и гас е главна цел на западните санкции.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека агресивните ограничувања би можеле да доведат до пораст на глобалните цени на нафтата, што би ги оптоварило западните економии и потенцијално би ја намалило јавната поддршка за санкциите. Во меѓувреме, според Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух, членката на НАТО Турција е трет најголем купувач на руска нафта од 2023 година, веднаш зад Кина и Индија.

Фото: Принтскрин/Икс

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина