Трамп: Лоши работи ќе се случат ако Авганистан не ја врати базата Баграм
Објавено во: Свет 21 Септември, 2025 09:25
Американскиот претседател Доналд Трамп, упати закана кон Авганистан, велејќи дека доколку не ја предадат контролата над воздухопловната база Баграм на американската армија, „ќе се случат лоши работи“.
„Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија – Соединетите Американски Држави, ќе се случат лоши работи” напиша Трамп на платформата „Truth Social“.
Републиканскиот претседател во четвртокот изјави дека Вашингтон се обидува да ја поврати базата, која служеше како клучна локација за американските сили по нападите на 11 септември 2001 година.
По повлекувањето на американската армија од Авганистан во 2021 година, контролата над Баграм ја презедоа Талибанците. Авганистанските претставници изразија противење на евентуално обновување на американското воено присуство во државата.
„Авганистан и САД треба да работат заедно. . . без САД да одржуваат какво било воено присуство во кој било дел од Авганистан,” напиша Закир Џалал, службеник во Министерството за надворешни работи во Кабул, на социјалната мрежа „Х“ .
Трамп вчера им соопшти на медиумите дека разговарал со авганистански официјални лица во врска со оваа тема.
foto printskrin
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




