ТРАМП НЕ ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР! Еве кој победи, никој не го очекуваше ова, наградата отиде кај жена
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2025 11:24
Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо. Претседателот на Норвешкиот Нобелов комитет во Осло, Јирген Ватне Фриднес, ѝ ја додели наградата на добитничката.
Тој рече дека Мачадо ја добила наградата за нејзината неуморна работа во промовирањето на демократските права за народот на Венецуела и за нејзината борба за воспоставување праведен и мирен премин од диктатура во демократија.
Тој додаде дека наградата ѝ припаднала на „храбра и посветена застапничка на мирот - жена која го одржува пламенот на демократијата да гори среде растечката темнина“.
Нобеловиот комитет соопшти дека Марија Корина Мачадо покажала дека алатките на демократијата се и наши алатки.
„Таа претставува надеж за поинаква иднина, во која основните права на граѓаните се заштитени и нивните гласови се слушнати“, се вели во соопштението.
Што претходеше на одлуката?
Норвешкиот Нобелов комитет, кој ја доделува Нобеловата награда за мир, го одржа својот последен состанок во понеделник, соопшти денес Нобеловиот институт пред објавувањето на лауреатот за 2025 година.
Ова значи дека името на лауреатот е избрано долго пред склучувањето на договорот меѓу Израел и Хамас, под силен притисок од Доналд Трамп, кој отворено ја посакува Нобеловата награда за мир.
BREAKING: Venezuelan opposition leader María Corina Machado has won the 2025 Nobel Peace Prize.https://t.co/yTirdMDMDT
— Sky News (@SkyNews) October 10, 2025
Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/L9aP36av1w
Нобеловиот комитет, составен од пет члена, обично ја донесува својата одлука неколку дена, па дури и недели, пред официјалното објавување и се состанува за последен пат во последните фази пред објавувањето за да ги разјасни своите очекувања.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, откако се врати на власт во јануари, тврдеше дека ја заслужува Нобеловата награда за мир, велејќи во неколку наврати дека одиграл улога во решавањето на повеќе конфликти. Неодамна рече дека би било навреда за САД ако не ја освои наградата.
Договорот меѓу Израел и Хамас „нема апсолутно никакво влијание“ врз изборот на лауреатот за 2025 година, бидејќи „Нобеловиот комитет веќе ја донесе својата одлука“, изјави за АФП историчарот на Нобеловиот комитет, Асле Свеен.
„Трамп нема да ја освои наградата оваа година. Јас сум 100 проценти сигурен во тоа“, рече тој, истакнувајќи дека американскиот претседател одамна му „дал слобода“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја бомбардира Газа и ѝ обезбедил значителна воена помош на израелската армија.
Оваа година, 338 поединци и организации беа номинирани за Нобелова награда за мир, вклучувајќи и српски студенти.
Фото: Принтскрин/Икс
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




