07 Декември, 2025
0.0298

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Објавено во: Свет 04 Октомври, 2025 22:44

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на милитантната палестинска организација Хамас по нивната реакција на неговиот мировен план за војната во Газа и повика на брза акција, пренесе ДПА.

„Хамас мора да дејствува брзо, или сите облози ќе бидат поништени“, објави Трамп на својата платформа Truth Social во саботата.

„Нема да толерирам одложување, за кое многумина мислат дека ќе се случи, или каков било исход каде што Газа повторно претставува закана“, додаде Трамп.

„Ајде да го завршиме ова, БРЗО“, рече американскиот претседател.

Хамас вчеравечер прифати делови од мировниот план на Трамп - вклучително и ослободувањето на сите заложници - но во исто време побара понатамошни преговори.

Трамп потоа побара Израел веднаш да престане со бомбардирањето на Појасот Газа за да го олесни ослободувањето на заложниците, потсети ДПА.

Затоа денеска во својата нова објава на Тruth Social американскиот претседател напиша дека го цени фактот што Израел привремено го запрел бомбардирањето.

Меѓутоа, според најновите информации од опколената крајбрежна енклава, Израел и денеска продолжил да напаѓа, јави германската агенција.

Според Министерството за здравство, контролирано од Хамас, денеска во појасот Газа загинале најмалку 37 лица, од кои само во градот Газа 26.

Информацијата првично не може да биде независно потврдена, а и израелската армија првично не даде коментар за оваа ситуација, иако  подоцна портпаролката на ИДФ рече дека армијата официјално не објавила прекин.

Израелските медиуми објавија дека армијата во текот на изминатата ноќ  добила инструкции да ја запре офанзивата за освојување на градот Газа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев