08 Ноември, 2025
0.0395

Трамп: Примирјето во Газа ќе започне откако Хамас ќе ја потврди линијата на повлекување на израелската војска

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2025 12:07

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот во конфликтот во Газа би можел да стапи на сила веднаш доколку исламистичката група Хамас се согласи на одредена линија на повлекување за израелската војска во крајбрежната територија, јави ДПА.

Израел веќе ја одобри почетната линија, напиша Трамп вчера на својата платформа Truth Social.

„Кога Хамас ќе потврди, прекинот на огнот ќе стапи ВЕДНАШ во сила, ќе започне размената на заложници и затвореници и ќе создадеме услови за следната фаза на повлекување“, наведе тој.

Трамп, исто така, објави графика што ја прикажува предложената линија во Газа.

Неговиот мировен план, објавен пред речиси една недела, не прецизираше конкретна рута на повлекување. Наместо тоа, во него се наведува дека израелските сили ќе се повлечат на договорената линија за да го олеснат ослободувањето на заложниците, суспендирајќи ги сите воени операции додека не се исполнат условите за целосно, фазно повлекување, потсетува германската агенција.

Пред објавата на Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војската ќе се репозиционира, но ќе продолжи да ги контролира стратешки важните области во Газа. Тој нагласи дека Хамас ќе биде разоружан, а територијата демилитаризирана, или дипломатски во согласност со планот на Трамп или преку воена акција.

Хамас се согласи со делови од планот на Трамп, но не го прифати експлицитно бараното разоружување, потсетува ДПА.


Можеби ќе ве интересира

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху и други 36 лица осомничени за геноцид во Газа

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху и други 36 лица осомничени за геноцид во Газа

Дали има раздор меѓу Путин и Лавров, Песков ја реши дилемата

Дали има раздор меѓу Путин и Лавров, Песков ја реши дилемата

ДРЖАВИ СО НАЈДОБАР КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ: Ова се првите 10 во светот

ДРЖАВИ СО НАЈДОБАР КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ: Ова се првите 10 во светот

„Ако не врне, ќе мора да го евакуираме градот“: Претседателот предупреди дека земјата е на работ на катастрофа

„Ако не врне, ќе мора да го евакуираме градот“: Претседателот предупреди дека земјата е на работ на катастрофа

Дали Орбан ќе го убеди Трамп да ѝ даде на Унгарија ослободување од енергетските санкции кон Русија?

Дали Орбан ќе го убеди Трамп да ѝ даде на Унгарија ослободување од енергетските санкции кон Русија?

УБИЛ УКРАИНСКИ ВОЕН ЗАРОБЕНИК: Руски војник е осуден на доживотен затвор

УБИЛ УКРАИНСКИ ВОЕН ЗАРОБЕНИК: Руски војник е осуден на доживотен затвор

ЕУ се подготвува за дополнително заострување на визниот режим за Русите

ЕУ се подготвува за дополнително заострување на визниот режим за Русите

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА 40 АЕРОДРОМИ: САД во хаос поради затворањето на Владата

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА 40 АЕРОДРОМИ: САД во хаос поради затворањето на Владата

Новиот купувач на Лукоил е одлучен: Нема враќање на средствата на Русите дури и по укинувањето на санкциите

Новиот купувач на Лукоил е одлучен: Нема враќање на средствата на Русите дури и по укинувањето на санкциите