18 Декември, 2025
0.2091

Трамп сака брзо да биде постигнат договор за ослободување на заложниците во Појасот Газа, соопшти Белата куќа

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2025 21:54

Добивај вести на Viber

 Претседателот на САД, Доналд Трамп сака сите страни брзо да постигнат договор за условите за ослободување на заложниците во Појасот Газа, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит изјави дека Трамп очекува брзото ослободување на преостанатите заложници за да се создаде моментум за другите делови од планот.

- Сакаме да постигнеме брз напредок по ова прашање и претседателот сака заложниците да бидат ослободени што е можно поскоро, посочи Ливит.

Таа додаде дека е многу важно брзо да се ослободат заложниците, а потоа да се преминеме на следниот дел, создавање на мир во Појасот Газа, со што ќе се гарантира дека палестинската енклава нема да претставува закана за безбедноста на Израел или САД.

Ливит истакна дека техничките разговори што денеска се водат во Египет, во кои учествуваат специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, се фокусираат на деталите за ослободување на заложниците.

- Техничките тимови моментално разговараат за тоа како да се обезбедат совршени услови за ослободување на тие заложници. Тие го разгледуваат списокот и на израелските заложници и на политичките затвореници што ќе бидат ослободени, а тие разговори се во тек, а претседателот е многу ангажиран и редовно се информира за ситуацијата, наведе Ливит.

Индиректните преговори помеѓу палестинската и израелската делегација почнаа денеска во египетското одморалиште Шарм ел Шеик. Предвидено е преговорите да траат неколку дена со присуство на медијатори од САД, Катар, Египет и Турција.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина