05 Декември, 2025
0.1896

ТРАНСПОРТ, УГОСТИТЕЛСТВО, ГРАДЕЖНИШТВО: Ќе им треба време да се опорават по ударот на пандемијата

Објавено во: Економија, Корона Вирус 05 Мај, 2020 06:52

Добивај вести на Viber

Некои сектори полесно, а други потешко ќе се опорават од корона кризата.

Тешко е да се процени кога бизнисот целосно ќе се врати во нормала по пандемијата на Ковид 19. Овој неактивен период и немањето работа негативно ќе се одразат на периодот кој следи.

Најголем удар ќе претрпат кафетериите, рестораните, хотелите,  транспортот и дистрибуцијата, како и градежништвото заедно со сродните категории. Тие ќе имаат потешкотии да се опорават како резултат на намалувањето на обемот на работата, или целосната апстиненција во овој период. 

„Не можe точно да се каже колку време ќе треба додека да се надмине кризата креирана од пандемијата, бидејќи нејзините димензии се глобални и добро е познато дека ние како економија сме силно под влијание на меѓународниот пазар. Треба да се напомене дека овие категории се најголеми придонесувачи во БДП-то и во тоа ние како Комора во неколку наврати изразивме загриженост за истото бидејќи хотелите  и туризмот се потполно затворени за значителен период. Нашата проценка за оваа состојба е дека сите сектори ќе ги почувствуваат последиците од пандемија некој повеќе, а некој помалку, и дека на сите ќе им биде тешко да продолжат, но горенаведените категории и оние со слични ситуации ќе имаат најсериозни проблеми, а економијата веројатно ќе биде дополнително оштетена доколку истите категории не се вратат во нормала што е можно поскоро“, велат од Стопанската комора на северо - западна Македонија.

Во Македонија угостителите  беа меѓу првите  кои се пожалија дека ќе отпуштат илјадници луѓе поради корона кризата. Поплаки имаше и од туристичкиот сектор кои исто така минува низ многу неисвесен период.

Македонската економија годинава треба да падне за 3,4 отсто според основното сценарио на МФ, со тоа што негативните ефектите се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забаваување на контракцијата, а во четвртото закрепнување и позитивен резултат.

Само во март, бројот на невработените во земјава се зголемил за околу две илјади лица, или попрецизно, 1.916 нови невработени. Ова го покажуваат официјалните бројки на Агенцијата за вработување. Во март, имаше вкупно 107.732 невработени во земјава.

Сепак, над 70 отсто од домашните компании, членки на Стопанската комора на Македонија не планираат да затвораат, а 21 отсто од нив планираат затворање ама само на делови од компаниите, и покрај проблемите. Ова го покажуваат податоците на комората базирани на тврдењата на самите компании и нив ги соопшти Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. 

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?