26 Јуни, 2024
0.0305

Проф. Татјана Стојаноска Иванова: „Законот за високо образование мора да претрпи измени“

Објавено во: Македонија 06 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Законот за високо образование, донесен во 2018 година, придонесе за надминување на одредени небулози и недоследности кои ги имаше претходниот закон, но и овој Закон за високо образование (ЗВО) треба да претрпи одредени измени, посебно во одредени сегменти кои подетално ќе бидат експлицирани, со цел да се уреди правилно и општествено коректно целиот општествен дискурс во високото образование и да се предложат  решенија за неговите промени кои ќе одат во правец на интегрирање во Европскиот простор на високо образование, вели во разговор за Фактор, проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова од Филозофскиот факултет при УКИМ и претседател на Одбор за Акредитација.

Поаѓајќи од фактот, како што потенцира, дека се стремиме кон европски образовен модел, базиран на знаење, вештини, иновации и технологија, мора да се заложиме за интегриран систем на високото образование, науката и иновациите.

-Без интегриран систем нема напредок, а за жал кај нас тие продолжуваат да функционираат како три речиси независни области помеѓу кои постојат слаби врски. Науката и истражувањето се во сенката на високото образование, или се придодадени кон него како споредна функција. Затоа неопходно е Законски да се регулира ставката за наука, при што да биде утврден минимален процент кој ќе се издвојува од буџетот за наука. Само на тој начин ќе може да се развиваат универзитетите и да одат кон европските стандарди. Токму и академската слобода е поврзана со начелото на вложување во наука бидејќи академската слобода е синоним за слободата на научното, уметничкото и творештвото воопшто, а во сегашниот закон не е конкретизирана и е загрозена со напуштање на уставната концепција за улогата на државата во овие дејности и затоа треба преку новиот ЗВО да се поттикнува и помага творештвото, појаснува проф. Стојаноска Иванова.

Според неа, круцијално е да се овозможи преку ЗВО целосна финансиска автономија на Универзитетот, бидејќи, како што вели, без финансиска автономија не е возможно нормално функционирање.

-Прокламирањето на универзитетската автономија и академска слобода не е возможно без финансиска автономија.  Имено, секое ново вработување на нов кадар, наставен и ненаставен, зависи од финансиско одобрување од Министерствата за образование и за финансии, а со тоа се ограничува и правото и можноста за вработување на кадар кој е итен и неопходен за нормално функционирање на единиците-факултетите во рамките на Универзитетот. Секое вработување, ангажирање на стручњаци од пракса, ангажирање на друг кадар, одобрување на средства од проекти зависи од Министерството и во голем дел се кочи работата на Универзитетите и затоа неопходна е законска измена со што ќе има Универзитетот финансиска автономија. Со финансиската автономијата универзитетите имаат целосно управување со буџетот и целосна контрола над нивните вработени и нивното користење- плати, користење на фондови, сопствени извори, формирање на буџетските средства и др, вели професорката во нашиот разговор.

Истовремено, нагласува проф. Стојаноска Иванова, ограничување на улогата на државата и нејзино  повлекување  од директно оперативно раководење со одредени образовни  области и  тоа  да биде изразено преку  пренесување на одредени надлежности што сега ги има извршната власт врз другите автономни институции, како што е Националниот совет за  високо образование, Агенцијата за квалитет во високото образование и органите во нејзини рамки: Одборот за акредитација и Одборот за евалуација.

-Преку новиот ЗВО мора да се овозможи функционалност од претходно споменатите тела, но и нивна координација по прашања клучни за високото образование. Исто така од посебно значење е независноста на Агенцијата за квалитет во високото образование и на двата одбора-за акредитација и евалуација од Министерството за образование, бидејќи така се нарушува нивната  слобода и автономија. Реформите преу новиот ЗВО би требало да одат во насока на усогласување со европските стандарди и практики за ефикасно остварување на круцијалните  постулати, а кои се однесуваат на обезбедување највисок квалитет на високо образование, овозможување на  одржлив и развоен модел на финансирање, почитување и овозможување на остварување на  академските слободи и автономијата на универзитетот, европска мобилност на професорите и студентите, елаборира професорката. 

Оценува дека во однос на мандатот на студентите што учествуваат во органите и телата на УКИМ исто така треба да се направи под итно измена.

-Со ваквата поставеност, во сегашниот ЗВО, студентите што учествуваат во органите и телата на УКИМ се бираат за мандат од една година, а реално тој е помалку од 9 месеци. Имено,  од 1 година мандат реално студентите немаат ефективен мандат ниту од 9 месеци, бидејќи месец и пол се реализираат изборите, а 2 месеца се на летен распуст и доколку во ноември завршуваат изборите за тековната година , во септември се распишуваат нови. На тој начин ниту се функционални ниту може а бидат ефикасни. Минимум мандатот на студенти кои учествуваат во органите и телата на УКИМ да биде 2 години.

Според проф. Стојаноска Иванова законски треба да се уреди ДОКТОРИРАЊЕ ВО ПОЛЕ, (не во област), а подоцна согласност предметните програми што ги избира во рамките на диплома саплемент да стои потесната област во која докторирал и на тој начин ќе биде избран.

-Во Законот да влезе и дел кој ќе се однесува на  стимулирање на  факултетите и универзитетите што се најдобро рангирани на шангајската листа, при што оние кои ќе бидат најдобро рангирани да имаат соодветни бенефиции. Ова се само дел од предложените можни решенија, но сепак треба да се отвори поширока дискусија, единиците и универзитетите да расправаат, а целта е  поскоро да се направат измените за да имаме функционален ЗВО кој ќе ги стандардизира и појасни сите дилеми кои во моментов се предмет на расправа во високото образование, вели проф. Стојаноска Иванова.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“