ТРЕБА ЛИ ДА ГО СЛЕДИМЕ ПРИМЕРОТ: Данска планира да ги забрани социјалните медиуми за лица под 15 години
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2025 19:59
Данска планира да ја забрани употребата на социјалните медиуми за лица под 15 години, објави премиерката Мете Фредериксен.
- Владата ќе предложи забрана за некои социјални медиуми за деца и млади под 15 години, рече таа во говорот на отворањето на парламентарната седница.
Во законот, кој треба да биде презентиран на сè уште неопределен датум, родителите ќе имаат можност да им дозволат на своите деца да ги користат од 13-годишна возраст.
- Мобилните телефони и социјалните медиуми им го одземаат детството на нашите деца, нагласи премиерката, истакнувајќи дека 60 проценти од данските момчиња на возраст од 11 до 19 години претпочитаат да останат дома отколку да излегуваат со пријатели во слободното време секоја недела.Начините за контрола на оваа забрана не се детално опишани.
На меѓународно ниво, Австралија стана една од првите земји што ја регулираше употребата на социјалните мрежи, откако нејзиниот парламент кон крајот на минатата година донесе закон со кој се забрануваат социјалните мрежи како што се ТикТок, Х, Фејсбук и Инстаграм за лица под 16 години.
Во јуни, Грција предложи да се постави возраст за дигитално полнолетство во ЕУ, под која децата нема да можат да пристапуваат до социјалните мрежи без согласност од родителите.
Фото: Freepik
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




