ТРЕНДАФИЛОВ: Плата во плик примаат 25.000 работници
Објавено во: Економија 27 Август, 2024
Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов, во „Дејли Клик“ на ТВ21 изјави дека рабодавачите кои даваат плата во плик, го оштетуваат буџетот до 250 милиони евра годишно.
Вели дека 25.000 работници плата примаат во плик, со што се развива сивата економија.
Инаку, ССМ бара повисок мининалец со цел работниците да не избегаат од државата. Тие пред неколку дена побараа минималец од 450 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.