05 Декември, 2025
0.0585

Трендафилов: Зголемена е продуктивноста на македонскиот работник, а платата не му се зголемува

Објавено во: Економија 06 Септември, 2025 08:17

Добивај вести на Viber

Слобдодан Трендафилов, претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, вели дека е зголемена проодуктивнста на македонскиот рабтник,  пвикувајќи се на тврдењата на Владата дека е зглемено индустриското призводство, но дека тоа не е наградено со зголемување на платите.
Според податоците што ги обезбедил ССМ,  374.045 работници или 73,3 отсто од работниците во индустријата примиле плата под просечната плата, а 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1 проценти од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра
- Од Владата велат дека тие треба да растат со гласно растот на продуктивноста. Со оглед дека се пофалија за раст на индустриското производство, а има помалку вработени во индустријата, дали ова покажува дека се зголемила продуктивноста и дали ако е така, не е доволен аргумент за зголемување на платите ?

Аргументи за зголемување на платите има премногу, а тоа е уште еден аргумент повеќе но како тоа да не им многу важно во Владата.

Со трендот на намалување на бројот на вработени во Македонија, трендот на егзодус на работничката сила од Македонија, денеска еден работник во приватниот сектор работи работа за двајца или тројца работници, продуктивен е како двајца или тројца работници, на стопанствениците им креира добивка како за двајца или тројца работници да работат затоа што обемот на работа со намалување на бројот на вработени не е намален, туку напротив е зголемен, но платата на тој еден рабитник не му е двојно или тројно зголемена.

Најголема манипулација на Владата и стопансвениците е дека работниците не се продуктивни, затоа што кога зборуваат за продуктивноста, секогаш зборуваат како само работниците да ја креираат истата, а не е така. Вложувањето односно инвестициите во нови технологии, во дигитализација и автоматизација, инвестициите во напредна технологија, машини и алати се главниот двигател на продуктивноста, а работниците се продуктивни толку колку што се платени.

За тие плати дури се и премногу продуктивни, па Владата и стопанственицоте можат да замислат колку ќе се зголеми продуктивноста доколку ги зголемат платите на работниците.

Но, очигледно не им е целта тоа, целта им е преку изговорот за ниска продуктивност да нема скоро никакви зголемувања на платите во наредниот период, но работниците продуктивноста ја мерат различно од тоа како ја мерат и во Владата и како ја мерат работодавачите, работниците својата продуктивност ја мерат со тоа што гледаат колкави добивки, автомобили, куќи, одмори и други луксузи, со својот труд им овозможиле на газдите, односно, ја мерат својата продуктивкост кога гледаат како уживаат околу 1000 функционери и околу 65.000 сопственици на компании на работничкиот грб и од работничката пот.

Работникот го вложува својот труд за да ја заработи својата плата, да заработи за својот работодавач и да заработи за фунционерите и често се прашува колку се продуктивни фунционерите со 79% зголемени плати, колку се продуктивни стопанствениците и дали тие за својата скоро никаква продуктивност го обвинуваат работникот, вели Трендафилов на едно од прашањата во интервјуто за Независен.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката