Трет ден работниците во погонот на ВЕИБО ГРУП во Крива Паланка како во притвор
Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 12:55
Продолжува кршењето на работничките права и нечовечкиот однос кон вработените во ВЕИБО ГРУП Крива Паланка.
„Од виртуелните инвестиции на Никола Груевски и ветените 5600 работни места во индустриската зона во Ранковце остана само изолирана празна ливада, два билборда до магистралниот пат и нула нови работни места.
Оние пак 230 работници кои беа превземени од бизнис партнерот Орце Камчев, секојдневно се жалат на кршење на работничките права и некоректниот и нечовечки однос од страна на одговорните лица во погонот во Крива Паланка.
Залудни се повиците кон трудовата инспекција и останатите надлежни органи деновиве за прекувремена работа и ускратување на основните права како што е паузата за појадок и слично.
Се откажавме од К-15, од 8 часовно работно време, од викенди од прзници, но неможеме да го погазиме нашето достоинство некој да не споредува со целокупно животинско царство, се жалат вработените.
Работничките права се утврдени со закон и недозволиво е постојано да се заобиколуваат.
Недозволиво е наводните инвеститори да се богатат, а вработените со 70 часа нанеделно да земаат минимална плата од 7.000 денари.
Каде е државниот инспекторат за труд на Р. Македонија да излезе и да направи увид во импелментацијата на законот за работни односи и кршењето на работничките права?
Бараме веднаш да се стави крај на ваквиот манипулаторски начин на однесување и да се врати достоинството на сите вработени конфекционерската индустрија“, стои во соопштението кое го доби редакцијата на Фактор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




