ТРЕТА НЕДЕЛА МАРШЕВИ: Денеска протести во 31 град
Објавено во: Македонија 13 Март, 2017 11:49
Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ продолжуваат и денеска во 31 град во Македонија.
Протести ќе има во Скопје, Струмица, Неготино, Валандово, Гевгелија, Охрид, Крушево, Битола, Ресен, Куманово, Свети Николе, Берово, Кратово и други градови.
Велат дека протестите се организираат за зачувување на унитарноста на Македонија и целосно отфрлање на Тиранската платформа која ќе значи редефинирање и федерализација на Македонија.
Од граѓанската иницијатива вчера кажаа дека стотина илјади граѓани во текот на минатата недела масовно излегоа на улиците да ја поддржат иницијативата и изразија голема благодарност за тоа.
„Tоа е огромна доверба кон она за што ние се бориме, она што го застапуваме, но и обврска да продолжиме уште посилно во наредниот период, по енергично, по одлучно кон остварување на нашите цели. Им се обраќаме на политичките партии да не се обедуваат одредени политички елити кои ја прифатија Тиранската платформа повторно да ја вратат на мала врата, односно да го изманипулираат народот за да си ја остварат својата цел“ - рече вчера Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.
Започнува третата недела од маршевите „За заедничка Македонија“. Од иницијативата велат дека сакаат да живеат во држава во која владеат почитта и толеранцијата, а не теснополитичките сплектарења кои Македонија ја водат на патот кон кантонизација и федерализација.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




