Третиран првиот пациент во ГОБ „8 Септември“ од корона вирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Март, 2020
Директорот на болницата „8 Септември“ Христијан Костов за ТВ24 изјави дека еден пациент заболен од Ковид-19 веќе бил згрижен од центарот откако таму бил позитивен натестот за корона вирусот.
Костов потенцираше дека се подготвени да примат повеќе пациенти дијагностицирани со коронавирус, а на кои истовремено им е итно потребна друга медицинска интервенција.
– Целокупниот ресурс на болницата е ставен во служба. Реорганизацијата ќе служи за пациенти на кои им е потребен инвазивен третман или се високо или ниско суспектни на вирусот. Ние имаме пациенти и ќе имаме и тоа не не плаши. Спремни сме да ги прифатиме позитивните пациенти. Од 30 досега тестирани, само кај еден е добиен позитивен резултат. Со оглед на тоа што му беше потребна хируршка интервенција, пациентот е префрлен на Инфективната клиника. Кај другите резултатите беа негативни – изјави Костов.
Покрај Инфективна во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, доколку дојде до пораст на болните од КОВИД-19, следна болница каде што тие ќе се лекуваат е Градската општа болница „8 Септември“, односно поранешна Воената болница.
ГОБ „8 септември“ има 400 кревети, односно капацитет за 400 лица. „Таму има голем број предности. Односно, има и инфективно одделение и тројца специјалисти. Така што, следна институција која би ги презела болните би била „ГОБ 8 Септември“, велат од Министерството за здравство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.