Трето барање за екстрадиција на Исмаиловиќ и Демири по правосилната одлука за „Монструм“
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2022 11:46
По правосилната одлука за случајот „Монструм“ во кое беа убиени четири момчиња и еден рибар на Смилковско езеро, Министерството за правда во наредниот период ќе поднесе нови барања до Косово за екстрадиција на доживотно осудените Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.
За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 и беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година , потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година.
Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05 септември 2018 година, а на 08 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива , а за Демири нема одговор.
Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати , февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




