Добивај вести на Viber
Договорот за слободна трговија со Турција, што деновиве го потпишаа косовската министерката Мимоза Кусари-Лила и турскиот министер за економија, Зафер Чаглан, ќе го оштети буџетот на Косово за 20 милиони евра годишно, потврдуваат извори на весникот „Зери“ од Царинската управа на Косово.
Cпоред нив, овој договор, од буџетски аспект е „автогол“ за земјата.
- Турција извезува стока во Косово во вредност од околу 200 милиони евра годишно, додека извозот на Косово кон оваа земја е околу 8 милиони евра. Со овој договор штетите врз буџетот на Косово достигнуваат износ од околу 20 милиони евра, тврдат изворите на Зери додавајќи дека главен профитер од овој договор е турската трговија.