Три фактори за модерна пиварница – инвестиции, квалитет, традиција
Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2013 16:00
Компанија која е постојано насочена кон прифаќање на нови предизвици и постојаното инвестирање во нова модерна опрема.
-Вложувањето во нова опрема е можеби клучниот фактор за успехот на компанијата и нејзините производи. Новата современа технологија, машините, начинот на работа сето тоа го гарантира квалитетот на производот. Всушност тоа е неизбежниот чекор доколку сакате да дадете квалитет, потрошувачот денес е едуциран и знае да процени што е квалитетно а што не. Минатата година инвестиравме во нова опрема за бескиселгурна филтрација, која овозможува по филтрацијата да нема отпад. Со оваа инвестиција се вброивме меѓу трите во Европа кои поседуваат ваков тип опрема со која се заштитува животната средина. Секогаш се стремиме да бидеме иноватори во тоа што го работиме и на нашите потрошувачи да им понудиме квалитет и одличен производ“, изјави Димитар Тодороски, бренд менаџер во Прилепска пиварница.
Потребата постојано да се инвестира и вложува е клучен сегмент за успех и долгорочно работење. Признанието за една од најдобрите пиварници во светот, според Светската анализа на Плимсол, е доказ за успешното функционирање на Прилепска пиварница не само во Македонија туку и во светот.
Долговечноста на пазарот е комбинација од повеќе категории, вложување во нова опрема, пласирање на нови производи, одржување на традицијата и тесна поврзаност со заедницата. Ние силно веруваме во моќта на тие фактори и се трудиме да се придржуваме кон тие правила на игра“, додаде Тодороски.
Многу компании во период на криза одлучуваат да ги минимизираат своите инвестиции, да не вложуваат во нови производи и едноставно дозволуваат таа негативна појава да ги победи нив. Бизнис стратегијата на Прилепска пиварница е насочена кон постојано вложување и следење на промените на пазарот, зашто потрошувачот е главниот двигател за компаниското функционирање, неговите потреби и барања се насоките според кои компаниите треба да се движат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





