ТРИ ХУМАНИ ЌЕРКИ НА ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТ СПАСИЈА НЕКОЛКУ ЖИВОТИ: 46-годишен пациент доби срце, бубрезите ќе бидат пресадени на млади пациенти
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2022 19:13
Министерството за здравство соопшти дека денеска на Клиниката за државна кардиохирургија, 46-годишен пациент со тешка срцева болест добил срце од починат донор и нова шанса за живот.
Од Министерството посочуваат дека во моментот на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои биле долги години на дијализа.
Посочуваат дека дополнително во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување.
Упатуваат благодарност до семејството на донорот, до, како што наведуваат, нејзините три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи.
– Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме. Би сакал да се заблагодарам и на уште едно семејство на младо момче кои вчера и покрај својата голема болка исто така изразија подготвеност да ги донираат органите. Овие две смејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот. До колегите лекари од клиниките за КАРИЛ, неврохирургија, кардиохирургија, урологија, нефрологија, кардиологија, трансфузиологија, рендген, ортопедија, како и до болничките координатори и до националниот координатор за трансплантација, кои заедно изминативе 24 часа работеа и се уште работат, им благодарам за сета пожртвуваност која ја покажаа овие два дена. На пациентите кои добија орган им посакуваме побрзо опоравување, посочуваат од Министерството за здравство.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




