Три јавни претпријатија ќе се грижат за новите садници до автопат
Објавено во: Мои пари 17 Април, 2013 18:54
Денеска се садеа декоративни садници покрај автопатот „Александар Македонски“. Во рамки на акцијата предвидено е да бидат засадени 5.000 декоративни садници покрај автопатот Катланово-Хиподром, на клучката пред и после патарината кај Петровец.
Засадувањето почна од патарината кај село Петровец и е дел од пролетната акција „Ден на дрвото“, а планирано е да се садат аризонски чемпрес, јасен, каталпа, келерутерија, јавор и туја.Според надлежните на овој начин зелениот појас ќе ја собира прашината и јаглеродниот диоксид, ублажувајќи ги негативните влијанија од издувните гасови.
За садниците ќе се грижат вработените во „Македонски шуми“ кои имаат ангажирано свое возило - цистерна за полевање на растенијата, додека „Државни патишта“ и „Македонија пат“ треба да се грижат за чување на садниците од физички оштетувања и корнење, како и за плевење и чистење на површината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





