Три месеци бесплатен промотивен период за сите пакети со три услуги на Близу
Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2015 11:14
Во пресрет на празничниот период, Близу за своите корисници нуди екслузивна промотивна понуда за сите пакети со три услуги: пакетите Старт, Смарт, Екстра и Премиум. Со оваа понуда, соодветно на пакетот кој ќе го изберат, корисниците добиваат дигитална телевизија со најголем број на HD канали, неограничен интернет со брзина до 150 Mbps и фиксна телефонија со неограничени разговори во сопствената мрежа, бесплатно во првите три месеци. Покрај бесплатните месеци, корисниците добиваат бесплатна корисничка поддршка за сето времетраење на договорот, како и бесплатна опрема за користење.
Оваа понуда важи за сите нови и постоечки корисници за склучен договор на 24 месеци, во 6-те града каде Близу има техничка можност за активација: Скопје, Тетово, Велес, Штип, Прилеп и Куманово. Понудата е временски ограничена и трае до 31.1.2016
За повеќе информации корисниците можат да се обратат на телефонскиот број 089 011 011 или на веб страницата www.blizoo.mk
Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопственост на Телеком Австрија Групацијата. Близу на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супербрз неограничен интернет со брзина до 150 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на канали со висока резолуција и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА




