Три милиони помош доделува град Скопје за настраданите во поплавите
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2015
Советот на Град Скопје денеска одржа вонредна седница на која донесе Одлука за давање помош на настраданите од поплавите во Република Македонија.
„Со оваа одлука, Градот Скопје, како израз на солидарноста спрема настраданите од поплавите во Република Македонија, ќе даде парична помош во износ од 3 милиони денари. Градот Скопје, како Град на солидарноста, донесе одлука да даде помош на настраданите од поплавите во Република Македонија кои предизвикаа немерлива материјална штета“, велат од град Скопје.
Согласно со оваа одлука, која Советот ја донесе едногласно, средствата ќе бидат префрлени на посебната наменска сметка за елементарни непогоди – поплави 2015 година, отворена во рамки на Трезорот на Министерство за финансии.