Три навики кои ќе ги смениме во следните 5 години
Објавено во: Мои пари 26 Јуни, 2023
Ниту една технолошка револуција не донесе толку неочекувано брзи и радикални транзиции, како што тоа го направи дигитализацијата. Тоа суштински ги промени нашите животи, нашите преференци, нашите навики, а исто така и нашите можности.
Дигитализацијата продолжува да се развива брзо, а веќе можеме да заклучиме и предвидиме како таа ќе ја обликува иднината на сите нас. The Digital Global Overview report за 2023 година покажува дека денес во светот има 5,16 милијарди корисници на интернет, што е речиси 65 отсто од вкупната светска популација, а меѓу нив дигитализацијата ќе донесе уште поголеми промени.
9од 10 корисници на интернет користат и социјални мрежи
Очекувано, користењето на социјалните мрежи продолжува да расте, па така на почетокот на годината бројот на корисници достигна 4,75 милијарди, односно повеќе од 92 отсто од сите корисници на интернет се на социјалните мрежи. Тоа е годишен раст од три проценти, а просечниот корисник на интернет денес поминува шест часа и 37 минути онлајн дневно.
Покрај сите други навики, кои во голема мера ги усвоивме на глобално ниво, да видиме какви промени се одразиле на другите, функционални аспекти од нашето секојдневие во Македонија и што нѐ очекува во блиска иднина.
Истражувањето спроведено од компанијата Visa, за новите дигитални навики на потрошувачите во Македонија, покажува дека повеќе од 35 отсто од испитаниците веруваат дека нивните навики ќе станат подигитални, пред сѐ во областа на работата, проследено со транспорт и здравство, - и финансии со 23, односно 20 отсто. Интересно е што скоро 41 отсто од испитаниците имаат посочено дека нивниот живот значително ќе се подобри со поголема употреба на апликации и онлајн платформи за услугите на јавната администрација.
Приспособување на нови технологии бара време, но врз основа на моменталната состојба, можеме да таргетираме три навики, кои дефинитивно ќе ги промениме во следните пет години.
Приспособување на нови технологии бара време, но врз основа на моменталната состојба, можеме да таргетираме три навики, кои дефинитивно ќе ги промениме во следните пет години.
Дигитални паричници
Постарите веројатно непријатно се сеќаваат кога плаќаа на шалтери, во пошта. Трпеливо чекање во ред, гужви, купишта хартиени листови, кои треба да се пополнат рачно, сето тоа наскоро ќе биде сосема незамисливо.
Дигиталната трансформација влијаеше и на индустријата за платежни услуги и сега можеме да вршиме плаќања на безброј различни начини, каде било и во секое време. Истражувањето „Нови дигитални навики“ покажа дека секој втор испитаник најчесто користи електронско банкарство и дигитални плаќања. Покрај дигиталните картички и разните видови апликации за правење трансакции, нашите мобилни телефони и други паметни уреди сега можат да се користат и како платежно средство.
Дигитализација на услуги и администрација
Јавната администрација е сектор кој испитаниците во Македонија го сметаат за исклучително важен и во кој сакаат поголем степен на дигитализација, односно можност за полесно завршување на обврските онлајн или со апликација. Според тоа, граѓаните очекуваат поедноставно и побрзо да се регулираат даноците, разните давачки, здравствените услуги, вадењето документи и другите административни задачи, без разлика дали тоа се прави онлајн и преку некоја од апликациите или во живо, со плаќање со бесконтактна картичка или мобилни уреди.
Банките се добар пример за оваа практика бидејќи многу услуги се достапни со еден допир на прст, навиките на луѓето станаа толку дигитализирани што за некои дури и одењето во банка е веќе минато.
Дигитализација на процеси со AL технологија
Откако новиот chat bot - ChatGPT беше лансиран на крајот на ноември, AI технологијата стана топ тема. Без разлика дали се работи за системи што следат биометриски податоци, автомобили со самоуправување или софтвер, кој ги следи финансиите и пишува текстови, AI технологијата се шири низ многу индустрии.
Вештачката интелигенција може да се користи за автоматизирање на многу рутински задачи како што се внесување податоци, распоред и услуги на клиентите, што во иднина може значително да заштеди време и да ја подобри ефикасноста на многу работни места. Покрај ова, AI технологијата може да се користи и за анализа на големи количини на податоци и донесување одлуки за сложени процеси, како што се препознавање трендови, предвидување резултати и предлагање конкретни активности.
Колку и да се изненадувачки и ненадејни, промените што новите технологии и дигитализацијата ги носат во нашите животи, треба да се гледаат низ призмата на општествениот напредок, што до неодамна беше незамислив. Затоа нè очекуваат возбудливи пресвртници во следните 5 години и секако значајни промени во начинот на кој ги поминуваме деновите.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.