Трифонов: Единствениот начин да ги натераме Македонците да нè слушаат е да не го укинеме ветото
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2023
Претседателот на бугарската партија, Има таков народ, Слави Трифонов сака да се врати ветото за Македонија.
Вели дека Македонците требало да ги слушаат нив, а ветото е клучна алатка. Објаснува дека екс бугарскиот премиер Кирил Петков се криел зад парламентот, а прашањето за Македонија е една од главните причини зошто Петков сега не е премиер.
„Цело време бевме против укинувањето на ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија, затоа што единствениот начин да ги натераме Македонците да нè слушаат е да не го укинеме ветото“, рече Слави Трифонов на прес-конференција.
Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков вели дека ветото не е решение.