19 Декември, 2025
0.0450

Трифун Костовски објаснува - Не сум против Егејците, мислев на конкретна личност

Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 13:59

Добивај вести на Viber

Екс градоначалникот Трифун Костовски доби огромни критики од речиси сите провладини поддржувачи за неспретната изјава за Егејците. Сега тој појаснува дека воопшто немал намера да ги навреди Егејците, туку мислел на конкретна личност кога кажал „нека се борат за правата во Грција, а не да ме караат со моите Албанци“ дадена во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

- Длабоко се извинувам, до оние кои се почувствувале навредени. Но, мојата совест е мирна. Во мојот исказ немаше никаква задна мисла, ниту пак сакав да ги повредам чувствата на кој било човек, а најмалку чувствата на Македонците од Егејска Македонија. Би сакал да нагласам дека и самиот во своето потекло имам корени од тој дел на Македонија. Но, тоа не значи дека треба слепо и некритички да мислам за она со коешто не се согласувам, се наведува во соопштението на Здружение на граѓани за општествено економски просперитет „Човекот пред сè“, потпишано од Трифун Костовски.

„Изјавата, која ја дадов, е адресирана до одредена личност, која потекнува од тој дел на Македонија и кому му дадов грешна титула на организатор на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, но тој е само обичен извршител. Нека им служи на чест на сите провладини режимски медиуми и портали, за оркестрираното дискредитирање на мојата личност и моите дела за Македонија. Тоа го очекував, меѓутоа не до степен на понижување на највулгарен начин, иако само тоа и знаат да го прават“, соопшти Костовски.

Претходно по Костовски се фрлаше со дрва и камења дека тој воопшто немал чуство на Македонец и дека направил огромен грев кон бегалците од егејска Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки