20 Декември, 2025
0.2037

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ СО НОВО РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ ВО СОРАБОТКА СО ХАЛК БАНКА СО ПОВРАТ НА ВЛОЖЕНИ СРЕДСТВА

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2022 10:12

Добивај вести на Viber

Станбените кредити се одлична можност за решавање една значајна животна потреба како што е станбеното прашање, но знаат да бидат и голем товар за семејството кое се одлучило за кредитно задолжување со висок износ и долг временски период полн со неизвесности.

Комбинацијата на банкарски и осигурителни производи подразбира овозможување на кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност на семејството на кредитобарателот при немил настан.

Триглав Осигурување Живот во соработка со Халкбанк креираше нов РИЗИКО производ за сите корисници на станбени кредити кој обезбедува финансиска сигурност за семејството на кредитобарателот со фиксна осигурена сума во случај на смрт за цело времетраење на осигурувањето.

Со склучување на оваа полиса кредитобарателот го следи фиксна осигурена сума за цело времетраење на осигурување која е во висина на износот на подигнат станбен кредит. Во случај на смрт на кредитобарателот, Триглав Осигурување Живот има обврска да ја исплати целата осигурена сума независно од отплатата на кредитот, при што разликата се исплаќа кон член на семејството на кредитобарателот. Оваа полиса примарно гарантира отплата на кредитот во случај на смрт на кредитобарателот, а можниот вишок на средства како разлика помеѓу фиксната осигурена сума и не отплатен дел од станбениот кредит се исплаќа кон корисникот кој го одредил самиот кредитобарател, со што се обезбедува и дополнителна финансиска сигурност за најблиските.

Најголемата предност на оваа полиса е инкорпорираната штедна компонента која гарантира 30% поврат на вложените средства при доживеан истек на осигурувањето. Всушност, кредитобарателот склучува полиса која му гарантира исплата на фиксна осигурена сума во случај на немил настан, но доколку не дојде до активирање на полисата добива загарантиран поврат на 30% од вложените средства.

“Ова е уникатен производ кој е креиран според потребите на клиентите кои се корисници на станбени кредити во Халкбанк. Станува збор за полиса која клиентите ќе можат да ја плаќаат годишно се до отплата на станбениот кредит, а им овозможува осигурување со фиксна осигурена сума во случај на смрт од болест или незгода, со целосно покритие во случај на смрт од CoVid-19. Дополнително, ова е и единствено осигурување поврзано со кредит кое гарантира и поврат на вложените средства при доживување на истекот на полисата. Сметаме дека понудивме навистина квалитетен и максимално корисен продукт.”- велат од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Сè ќе биде во ред.

ПР-Објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии