05 Декември, 2025
0.0302

„Триглав“ со кампања против измамите во осигурувањето

Објавено во: Мои пари 18 Април, 2013 15:25

Добивај вести на Viber

Заваровалница Триглав во својата кампања против измамите во осигурувањата ја ангажираше најпопуларната пејачка на Балканот, Северина. Со неа снимија духовито веб видео, кое ја подигнува свеста за измамите во осигурувањето како кривично дело, кое нанесува голема штета на осигурителните компании, а со зголемување на премиите, и на сите чесни осигуреници. Британското здружение на осигурувачи проценува дека осигурителните компании успеваат да откријат измами во висина од 4 отсто од бруто износот на штети, додека, пак, измамите кои остануваат недетектирани се во висина од 6 отсто од нето остварените премии од осигурување, проценуваат од Британското здружение на осигурувачи. Со цел подигнување на свеста за измамите во осигурувањето како кривично дело, кое нанесува голема штета на осигурителните компании, а со зголемување на премииите и на сите осигуреници групацијата „Триглав“, која е присутна и во Македонија, почна кампања против измамите во осигурувањето. Од „Триглав“ посочуваат дека доколку овие проценти се применат на нивната групација, тогаш проценетиот износ на измами во осигурувањето би можел да достигне и до 77 милиони евра. Минатата есен „Триглав“ спроведе истражување за перцепцијата и сфаќањето за последиците од измамите во осигурувањето кое покажа  дека измамите во осигурувањето генерално не се препознаваат како етички проблематични. Поради тоа „Триглав“ се одлучи за комуникациска кампања, концентрирана на подигнување на свеста за ризиците и последиците од таквото однесување. - Нашето искуство кажува дека многу измамници намерно и планирано го оштетуваат својот имот, бидејќи сакаат да и наштетат на осигурителната компанија и на лесен начин да дојдат до заработка. Понекогаш овие приказни се навистина неверојатни и ги забавуваат и нашите проценители на штети. Со ова видео сакаме да ги поттикнеме осигурениците во целиот регион да ни помогнат во откривањето на измамите во осигурувањето со пријавување вакви случаи на нашата веб страница www.triglav.eu, истакна Урша Манчек, помошник на претседателот на Управата на „Триглав“. http://www.youtube.com/watch?v=EwRVBi0EKe8

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј