19 Декември, 2025
0.0559

Трикови кои не наведуваат да трошиме повеќе!

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2014 09:12

Добивај вести на Viber

Веќе е познато дека скоро секоја продавница или трговски ланец има скриени или суптилни, но многу успешни трикови кои не тераат на прекумерно трошење на нашите пари. Меѓутоа , додека огледалата или преголемите корпи за пазарење се веќе позната техника за трошење, некои трикови сеуште се добро скриени. Ви се случува некои работи кои воопшто не сте ги планирале, сепак  да ги купите, па подоцна откако ќе излезете од продавницата  се  прашувате зошто воопшто сте потрошиле пари на нив? Виновникот за таквите постапки веројатно може да бидат и некои од наведените техники со кои продавниците редовно се служат за да ги натераат купувачите повеќе да потрошат. Трик: Мек тепих во вашата омилена продавница Стоењето на мек тепих ги прави предметите во продавницата многу поубави, посебно при намалено светло тие се поубави и поудобни, за разлика кога истите предмети ќе ги набљудувате поставени на тврда подлога. Имено, поставениот производ на мека подлога ја менува перцепцијата за убавината на предметот, на пример кога станува збор за мебел или опрема за вашиот дом, секогаш изгледаат поубаво и попријатно. Трик: Мирис  на лимон и други едноставни мириси Секој кој некогаш има велзено во пекара и го има почуствувано мирисот на штотуку испечен леб, знае колку мирисот може да влијае на купувањето. Сепак убаво е да се знае и дека не секој пријатен мисрис е мерило за потрошувачка. Според истражувањето на експертите, ако во продавницата владее пријатен мирис, купувачот е подготвен да потрошо 20 одсто повеќе пари, но само ако тој мирис е многу едноставен, а не сложен. На пример, обичниот мирис на портокал, лимон,бор, покажуваат ефикасни резултати, наспроти мерисите кои се составени од мешавина. Трик: Песната на Адел "Turning Tables" Поп рок песните кои се релативно со спор ритам не тераат повеќе да купуваме и трошиме. Како што откриваат експертите, потрошувачите се подготвени да потрошат и до 12 отсто повеќе пари, ако во продавницата се слушаат нежни и меќи на звук песни, наспроти оние гласните со тежок ритам.Така да бавните  песни, многу често знаат да го успорат купувачот , а помалку меланхоличните и тажни песни будат потреба од подобрување на расположението, поради што купувачите се фрлаат во прегратките на шопингот. Трик: Прексрасна глетка и нови “играчки за возрасни“ Ако имате прилика да уживате во допирот на предмет кој ви буди  прекрасна глетка, уште повеќе и ќе ја посакувате. Експертите пишуваат дека допирот на предметот кој ви се допаѓа е многу значаен за вашето поврзување со него и желбата да го купите и имате. Тогаш цената воопшто не ви е битна. Трик: Продавач кој ви кажува дека не се должни ништо да купите, едноставно прво разгледајте Посветете внимание кога продавачот ви вели дека секако треба да си го купите прекрасниот скапоцен гердан, но сепак не сте приморани да го поседувате. Токму тој трик со зборовите “не сте приморани“, според истражувањата покажува дека зборот приморани ја дуплира шанста за купување на производите. Причината зошто оваа фраза толку ги пали купувачите е поради фактот дека продавачот му ја нагласува слободата на избор на купувачот, а тоа всушност го наведува потрошувачот на обратен ефект.   K.K.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии