Тројца луѓе заедно побогати од 160 милиони Американци
Објавено во: Финансии 09 Ноември, 2017 21:33
Бил Гејтс, Џеф Безос и Ворен Бафет заедно имаат богатство поголемо од заштедата на дури 160 милиони Американци, покажуваат најновите истражувања.
Милијардерите заедно имаат вкупно 248.5 милијарди долари, што ја надминува вкупната вредност на имотот на околу 63 милиони американски домаќинства, а тоа било заклучено во истражувањето под назив Billionaire Bonanza 2017, кое било изработено од страна на американски Институт за политички студии.
„Толку пари концентрирани во толку малку раце, додека голем број на луѓе се мачат – тоа не е само лоша економија туку и морална криза“- се наведува во истражувањето.
Вкупното богатство на 400 најбогати луѓе во САД изнесува повеќе од 2.68 билиони долари што е повеќе од Бруто домашниот производ во Британија, Франција или Индија.
„Нашите 400 најбогати жители сега располагаат со богатство поголемо од вкупните средства на 64% од американското население. Односно околу 80 милиони домаќинства или 204 милиони луѓе. Тоа е повеќе луѓе отколку бројката на жители во Канада и Мексико заедно“- пишува во извештајот.
Се предлагаат два начини за намалување на расчекорот во богатството, прво нееднаквоста да не се влоши уште повеќе со намалување на данокот за богатите, а второ да се примени политика на намалување на концентрираното богатство.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





