23 Ноември, 2024
0.0295

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Иако тоа се очекуваше, денешниот понеделник не донесе одговор на прашањето кој во петокот, но и пред еден месец, купи поголема количина акции од „Македонијатурист“, одлична хотелиерска компанија која има солидни резултати, и која, како што се покажува на берзата, станува се поинтересна за инвеститорската јавност.

Имено, во петокот преку Берзата поминаа две блок трансакции со акциите на „Македонијатурист“, и тоа едната со вкупна вредност од 717 илјади евра, додека, пак, втората тежеше рамно 150 илјади евра.

Односно, во првата блок трансакција се продадоа 7.167 акции на ова акционерско друштво, по цена од 6.150 денари за акција, со што вкупната вредност на зделката беше 716.700 евра. Додека, пак на втората трансакција поминаа 1.500 акции, по истата цена, што направи овој блок вкупно да тежи 150.000 евра. Притоа, поминатиот прв блок од 7.167 акции претставува 1,58 отсто од вкупниот акционерски пакет на хотелиерската компанија, додека вториот блок е многу помал акционерски процент.

Но, денешната состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, која е рефреширана, што значи дека во себе ги содржи сите промени во акционерската структура кои се направени во минатата недела, повторно дава иста состојба за „Македонијатурист“. Односно, во таа хотелиерска компанија повторно има само тројца сопственици кои имаат над пет отсто од акциите, и тоа тие ги поседуваат истите проценти акции како и во петокот минатата недела, пред да се вкалкулираат и пакетите од блок трансакциите.  

Имено, и натаму најголем акционер во „Македонијатурист“ останува Доне Таневски, актулен претседател на Надзорниот одбор на компанијата и нејзин долгогодишен директор, кој, и во петокот, а и денеска, располага со истата количина акции, односно 19,59 отсто од акциите со право на глас. Втор по големина акционер, исто како и претходно, и денеска е Соња Бибановска, која исто така беше долгогодишна директорка, а поседува 11,27 отсто од акциите. И, трет акционер, кој и вчера остана со истиот процент акции,  е задолжителниот пензиски фонд со кој управува „Сава пензиско друштво“, со 8,8 отсто од акциите.

Според вчерашната најнова состјба на ЦДХВ, има и поситни акционери, па така, покрај „Сава пензиско друштво“ има и уште 30 домашни прави лица кои се акционери во компанијата, и кои вкупно располагаат со 18,3 отсто од акционерскиот капитал, што воопшто не е мал процент, но не може да се разграничи кој колку поседува, бидејќи сите имаат под 5 проценти и не се покажуваат јавнио на ЦДХВ.

Исто така, покрај Таневски и Бибановска, во „Македонијатурист“ се евидентирани уште 569 други акционери домшни физички лица, а чии акционерски пакет вкупно тежи 41,68 отсто од акциите. Ова е значајна акционерска сопственост, но бидејќи ја поседуваат 569 лица, а никој нема над 5 отсто, не се знае кој точно колку акции има под своја контрила.

Во акционерската структура на „Македонијатурист“ има и странски акционери, но тие имаат мног ситни количини. Односно, четири странски правни лица имаат 0,22 отсто, додека, пак, 10 странски физички лица, располагаат со 0,13 отсто од акциите.

Сето ова говори дека или некој од домашните правни или од домашните физички лица, или тоа се повеќемина, сега купуваат посериозни количини акции, но тие никако да избијат на ЦДХВ, бидејќи не надминуваат 5 отсто.

Бидејќи, пред нешто повеќе од еден месец преку берзанска блок трансакција беа продадени акции за над два милиони евра на хотелиерската компанија „Македонијатурист“, за што имавме информација дека најверојатно македонскиот поп-композитор Григор Копров ги продаде тие акции. Стануваше збор за 20.708 акции во „Македонијатурист“, вредни 2,07 милиони евра, кои претставуваа 4,58 отсто од акциите со право на глас.Тој долги години наназад беше четврт по големина акционер во „Македонијатурист“.

Но, излегува дека тројцата најголеми акционери не ги купиле акциите на Копров, бидејќи нивните пакети се речиси идентични како и пред таа трансакција, а истото важи и за акциите од над 700 илјади евра, кои поминаа во минатата недела. Што значи, тоа е некој кој претходно немал или имал многу малку акции, па не го надминал лимитот од 5 проценти.

Нето добивката на компанијата лани изнесува 1,57 милиони евра што е за 3 пати подобро од претходната година.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси