Добивај вести на Viber
Меѓународните кредитори на Грција, во текот на разговорите со функционерите на земјата, го пофалија напредокот на Атина во спроведување на мерките на штедење.
Тројката сепак напоменува дека се уште постојат спорно точки кои треба да се решат.
Тимот „тројка“ кредитори ќе се врати во Атина да ги продолжи разговорите на почетокот од декември, пренесува грчкиот весник, Катимерини.
Претставниците на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, наведуваат дека посетата на Грција е окончана по продуктивните разговори со властите за низата мерки кои ќе послужат како основа за комплетирање на тековниот преглед на еконосмката програма на Грција.