19 Декември, 2025
0.0443

Тројна круна „Најдобра банка во Македонија“ за Охридска банка Сосиете Женерал за 2016-та година

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2016 13:52

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал со гoрдост објавува дека ја завршува тековната 2016-та година како добитник на интернационалната награда „Најдобра банка во Македонија“, доделена од „The Banker“. Оваа награда доаѓа на врвот на претходните две во истата категорија, доделени во првата половина од годината од „Euromoney“ и „Global Finance“.

„The Banker“ - една од најпрестижните меѓународни финансиски публикации во сопственост на Financial Times Ltd., ја прогласи Охридска банка Сосиете Женерал за „Најдобра Банка во Македонија” за 2016-та година. Ова е уште едно признание за постојаните растечки резултати и одржливиот развој на комерцијалните активности во однос на сите бизнис и организациски сегменти, кои ја позиционираат Охридска банка Сосиете Женерал на високо место во конкурентното пазарно опкружување.

 „Јас сум професионално и лично многу почестена. Ова е многу голем успех на нашата Банка! 2016-та година e исклучително успешна година за Охридска банка Сосиете Женерал. Во банкарството, на светско ниво, постојат три најважни авторитети: Global Finance, публикација на Светска Банка од Вашингтон, Euromoney од Лондон и The Banker, публикација на престижниот магазин Financial Times, кој оваа година слави 90 години постоење. Охридска банка Сосиете Женерал во оваа 2016-та година, доби награди од сите три институции за „Најдобра банка во Македонија”. Во април - Global Finance, во јули - Euromoney и минатата недела во Лондон - The Banker. Ова претставува хет-трик (hat-trick) или тројна круна – најголем успех досега за нашата и ваша банка.“ - изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Добивањето на трите награди во период од само една година е резултат на континуираните заложби на Банката да претстави сосема ново ниво и квалитет во традиционалното банкарско портфолио на македонскиот пазар.  

Целта на Банката е постојано да нуди квалитетни и транспаретни производи и услуги, кои ги исполнуваат, па дури и надминуваат очекувањата на клиентите.

Едно од основните, но не и единствените мерила на успехот на Банката е остварениот финансиски резултат кој од секој аспект на оперативните активности достигнува рекордно високо ниво.

Во 2016 година Охридска банка Сосиете Женерал бележи раст во сите сегменти од работењето. Во првите 3 квартали остварена е нето добивка за 15% повисока од онааостварена во истиот период минатата година. Растот на вкупниот биланс на состојба изнесува 9,6%. Зголемувањето на кредитните пласмани изнесува 12%, додека депозитите од население се зголемија за 5,7% во однос на истиот период лани. Паралелно, квалитетот на кредитното портфолио останува на одлично ниво, со учество од 5,4% на нефункционални пласмани, што е значително помало од просекот на банкарскиот сектор.

„Овие достигнувања се резултат на кориснички ориентираната стратегија на Банката. Нашите клиенти и нивните потреби се примарен фокус во креирањето на понудата и пласманот на производи и услуги. Наша цел е да бидеме прв избор на корисниците и најпрепорачана банка во Македонија.” - додаде Бранка Павловиќ.

Преку своите деловни и општествено одгoворни активности, Охридска банка Сосиете Женерал подеднакво создава дополнителни вредности за своите вработени, клиенти и заедницата во целост, како добар корпоративен граѓанин во земјата.

Во периодот што следи, фокусот останува на потребите на клиентите, преку обезбедување на иновативни и поволни производи и услуги за нив. Иднината предводена од дигиталните трансформации и модернизираниот профил на клиентите, ги насочува плановите за развој на Охридска банка Сосиете Женерал во правец на следење и одржување на темпото на трансформација, со амбиција да остане една од водечките банки во Македонија, обезбедувајќи одржлив раст и профитабилност.

Повеќе информации за Охридска банка Сосиете Женерал може да најдете на www.ohridskabanka.mk

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии