Добивај вести на Viber
Обвинителството во Менхетен обвини тројца швајцарски финансиски консултанти за „заговор со нивни клиенти во САД за прикривање приходи од даночните власти во износ од 420 милиони долари“, пренесе БТА.Тројцата обвинети: Ото Хјупи, Кристоф Рајст и Штефан Фелман, се поранешни консултанти на приватни клиенти на неименувана швајцарска банка. Ниту еден од нив досега не е апсен. Тројцата живеат во Швајцарија, а Хјупи е американски државјанин.
Хјупи, Рајст и Фелман на американските државјани им предлагале да вложат свои средства на тајни сметки во банката, во која работеле со цел да ги сокријат од даночните власти во САД.
Фелман работел во банката од 2008 до 2009 година, а Хјупи и Рајст од 2003 до 2009 година.
Според даночното законодавство на САД граѓаните во оваа земја се должни да ги декларираат своите сметки, како во земјата, така и во странство, доколку се во износ поголем од 10.000 долари.
Според извор од обвинителството, тројцата финансиски консултанти ги уверувале своите клиенти дека информациите за нивните сметки не може да паднат во рацете на даночните власти во САД, бидејќи банката немала канцеларии надвор од Швајцарија и следствено на тоа била заштитена од притисок од американското правосудство.
Агенциите посочуваат дека во 2010 година најголемата швајцарска комерцијална банка-„УБС“, која, исто така, беше обвинета за прикривање податоци за американски државјани со сметки во Швајцарија, беше принудена да ги открие имињата на 4.500 лица и да плати казна во износ од 780 милиони долари.
Во февруари годинава американските власти почнаа процес и против најстарата швајцарска банка „Вегелин“, под обвинение дека им помогнала на американски граѓани да прикријат доходи ви износ од 1,2 милијарда долари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.