20 Април, 2024
0.0247

Трошановски: Не треба да бидеме заложници кога ќе добиеме датум, реформи мора да има

Објавено во: Анализа 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија барем во скоро време нема да оди на предвремени избори, туку ќе се реализира само најавената владина рекострукција, откако Заев доби оптимистички прогнози дека годинава ќе бидат започнати преговорите за членство во ЕУ без оглед што одлука за датум нема во јуни како што силно беше најавувано и ветувано. Реформскиот процес мора да продолжи и владата треба да ги преземе сите обврски со вклучување и на опозицијата во политичкиот дијалог. За евроинтеграциите и неопходните промени анализираме со Марко Трошановски, директор на Институтот за демократија Социетас цивилис.

Се одржа „судбоносната“ средба Заев-Меркел од која што барем од страна на македонската страна има оптимизам дека годинава ќе започнат преговорите за членство во ЕУ. Претходно имаше одредени загрижувачки пораки дека ако во јуни не добиеме датум ќе падне владата, но сега се менува тонот, мислите ли тоа  дека е доволно за прдивижување на евроинтеграциите?

Трошановски: Што се однесува до изјавите дека добивањето датум за преговори во јуни е клучен за реформските процеси и одложувањето на истиот ќе предизвика политичка криза и барање за предвремени избори, таа реторика треба да се напушти најмногу и штети на Владата. Реформските процеси во земјата не би требало да зависат од тоа кога ќе го започнеме процесот на преговори, бидејќи сосема е извесно е дека ќе ги започнеме годинава, септември како датум не е голем проблем за формалниот дел. Не треба да бидеме заложници на тоа кога ќе добиеме датум бидејќи самата Влада на тој начин ги подигнува многу високо очекувањата, тврдеше гласно дека тоа ќе биде во јуни иако имаше многу индикации дека тоа нема да биде така со оглед на случувањата во германскиот Бундестаг кој не можеше да дебатира по извештајот на ЕК и да и даде зелено светло на владата. Исто така изјавите дека трети сили ќе го завземат својот простор поради разочарувањето и евроскептицизмот би биле валидни доколку не добиеме одлука за преговори но, ако ја добиеме одложно ваквите изјави немаат никакво влијание врз земјите членки на ЕУ.

Фактор: Постои ли загриженост од претстојните избори во Грција каде сосема извесно е дека на власт ќе дојде Неа Демократија на Мицотакис кој најавува дека можно е повторно да употреби вето против членството на Северна Македонија во ЕУ со непочитување на Договорот од Преспа. Дали можеби тој момент ја загрижи македонската влада?

Трошановски: Ние повеќе пати сме биле изгорени од грчките политичари и од работите кои сме ги договориле со нив, како што Грција ја прекршуваше времената спогодба. Доколку во септември се гласа за започнување на преговорите за членство во ЕУ, тогаш Неа Демократија нема да има шанса да ги блокира преговорите што е најцрното сценарио. Сепак, сите индиции покажуваат дека Неа Демократија ќе го почитува Преспанскиот договор бидејќи благодарение на него доаѓаат на власт, работата е завршена, власта ќе се промени, тие го имаат политичкиот бенефит од целата ситуација и ќе се стават во многу незгодна положба ако повторно ја блокираат Македонија.

Фактор: Исто така најавената метла, односно расчистување со сите министри и функционери кои ги разочараа очекувањата и не ги исполнија ветувањата се одложи со очекувањата дали ќе добиеме датум сега или не. Дали овие процеси треба да се одвиваат независно од евроинтеграциите, односно да го „исчистиме“ сами прво својот двор. И како врз овој процес ќе влијаат случувањата во ДУИ?

Трошановски: Процесите дефинитивно треба да се гледаат и одвиваат паралелно и независно еден од друг. „Метлата“ треба да се однесува на централната власт и евентуално на локалната власт. Тоа што досега се случуваше се внатрепартиски промени и реконструирања кои не ги засегаат граѓаните, бидејќи нивното незадоволство е од услугите на власта и реформите во правосудниот систем и владеењето на правото. Така власта си пука во нога доколку го одложува овој процес, граѓаните нема да бидат задоволни само од промени во внатрепартиските структури, што може да се одрази на следните избори.

Фактор: Каква е одговорноста на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која се заканува дека нема даде консензус за одредени реформски прашања?

Трошановски: Мислам дека две клучни работи опозицијата треба да ги земе во предвид за евроинтеграциите кои досега делумно и ги зема во предвид се стратешките определби на земјата. Тоа е усвојување на новиот Закон за јавно обвинителство.  Ако се оди на намалување на независноста на СЈО ќе биде голем проблем, но ако до септември го донесеме тој закон ќе биде многу добро за самата земја, а ќе добиеме уште аргумент за добивање на почеток на преговорите. Што се однесува до заканата за бојкот на пописот сметам дека е избрзана и пренагласена со предимензионирана политичка закана. Свесни сме колку земјата трпи со одложување на пописот од 2002 година, дополнително одложување ја фрла земјата во политичка криза, остануваме без демографска база и податоци врз основа кои ќе се креираат политики. Во процесот на носењето на Законот за попис власта ќе треба да ги слушне грижите на ВМРО-ДПМНЕ и во овој пробен период да се утврдат сите недостатоци за да види дека нема простор за злоупотреби. 


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!