ТРПИ БИЗНИСОТ ВО ДЕБАР: Границите затворени, албанските купувачи ги нема
Објавено во: Економија, Корона Вирус 07 Мај, 2020
Границите се затворени, а бизнисот во Дебар има пад на прометот за околу 40 отсто, затоа што ги нема граѓаните од соседна Албанија кои пред да се појават првите потврдени случаи на коронавирусот, пазаруваа во градот.
Фисник Сарачи извршен директор на регионалната занаетчиска комора во Дебар, вели дека албанските граѓани во Дебар купувале гориво, облека, апарати за домаќинство, се потстрижувале и слично. Тој вели дека занаетчиите во Дебар се соочуваат со низа проблеми откако заврши кризната состојба за ова подрачје.
„Клиентите од Дебар ги нема, а тие купуваа во Дебар од телевизор, па до користење на услуги како потстрижување, бричење. Дури лани имаше и две – три свадби кои албански државјани ги правеа во Дебар. За да пазаруваат во Дебар доаѓаа жителите на албанскиот град Пешкопеја. Сега немаме матури, свадбите се одложуваат и затоа бизнисот трпи. Дуќаните во Дебар беа затворени скоро два месеци, а сега работат согласно мерките и протоколите на Владата, така што задолжително мора да се носат маски, ракавици, се примаат по еден или двајца муштерии зависно од квадратурата на дуќанот“, вели Сарачи.
Тој додава дека дел од занаетчиите се во лоша состојба и ќе затворат.
„Веќе имаме три барања за затворање, а во Дебар има околу 125 занаетчиите, фризери, пекари, автомеханичари, златари и други. Постои незадоволство од мерките на Владата, затоа што дел од нив нема да можат да добијат помош бидејќи веќе користеле други мерки, пред сѐ „Македонија вработува“, додава Сарачи.
На 14 април заврши кризната состојба во Дебар и Центар Жупа.
Владата по предлог на Главниот координативен кризен штаб, ги укина сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила според акцискиот план подготвен на 13 март 2020.
Воведувањето на кризната состојба придонесе да не се шири заразата со Ковид 19.
Во овој регион короната беше потврдена кај сопружници кои се вратија од Италија. Меѓу заразените во Дебар имаше и медицински лица.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.