Добивај вести на Viber
Царинските службеници запленија 334 килограми раноградинарски производи.
Околу 12 часот на патниот правец граничен премин Ново Село-Струмица, извршена е контрола на комбе со македонски регистарски ознаки, при што во задниот товарен дел на комбето се пронајдени 334 килограми зеленчук (домати, брокули, пиперки, краставици и модри патлиџани), за кои возачот изјавил дека ги набавил во Бугарија и дека не поседува никаква документација дека за стоката се платени царински давачки.
Стоката е одзедмена и во итна постапка ќе биде доделена на настраданите лица од неодманешните поплави.