Царините на Македонија и на Турција ја унапредуваат соработката
Објавено во: Мои пари 07 Март, 2013 12:18
Царините на Македонија и Турција ќе ја унапредуваат соработката во областа на царинските контроли и истраги. Ова е договорено на вчерашната средба на директорите на македонската Царинска управа Ванчо Каргов и на турскиот Потсекретаријат за царина, задолжен за ЕУ и надворешни прашања, Хасан Косеоглу, во Анкара.
Каргов и Косеоглу, соопшти македонската Царинска управа, разменија искуства околу воведувањето нови ИТ системи во двете царински управи.
- Косеоглу одржа презентација за развојот на НКТС во Турција, финансиран од страна на ИПА фондовите на Европската унија, кој е во функција од јануари 2012 година и се осврна на нивните искуства со овој систем во изминатите година и два месеци. Покрај ова, искажано е задоволство од нивото на соработка на полето на размена на информации во спроведувањето на трговската размена, при што е потенцирана потребата за натамошно продлабочување на соработката и олеснување на трговијата, се вели во соопштението.
Македонската делегација при престојот во Турција ја посета и логистичката база на турската Царина во Анкара каде е сместен главниот ИТ центар на Царинската управа на Турција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





