05 Декември, 2025
0.0314

ЦАРИНСКИ ОГРАНИЧУВАЊА: Колку пари смеете да изнесете и внесете во Македонија

Објавено во: Економија, Финансии 20 Декември, 2015 12:24

Добивај вести на Viber

Лимитот за внесување ефективни странски пари или чекови изнесува до 10.000 евра, информираат од Царинската управа на Македонија.

Доколку патникот носи странски пари над 10 000 евра во земјата, должен е да ги пријави на царинските органи.

Што се однесува на изнесувањето на девизи надвор од Македонија, мора да се пријави секој износ над 2 000 евра по лице, и да се приложи потврда од овластена банка или менувачница.

Изнесување ефективни странски пари над 10.000 евра од страна на резиденти е забрането.

Доколку изнесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра, патниците се должни да ја дадат на увид писмената потврда во која е евидентиран износот при влез од страна на царинскиот орган.

Дозволено е внесување и изнесување на домашни пари до 120.000 денари.

За непријавување или погрешно пријавување пари и чекови кои патниците ги носат со себе, предвидени се казни. Парите привремено се одземаат или запленуваат.

Инаку, само во 2015 година биле откриени 84 обиди за нелегално пренесување преку граница на готови пари во различни валути, во противвредност од околу милион и 113 илјади евра.

(Извор: Емагазин)

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката