05 Декември, 2025
0.2158

Целосна либерализација на транспортот меѓу Македонија и Хрватска

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2012 12:44

Добивај вести на Viber

Од 1-ви јануари идната година целосно се либерализира превозот на стока меѓу Република Македонија и Република Хрватска, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски. Македонско-хрватската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај потпишала протокол со кој од Нова Година се укинува квотата на дозволи за билатерален превоз кои досега меѓусебно ги разменуваа двете земји. Како што појаснуваат од Министерството, ова значи дека се либерализира билатералниот и транзитниот превоз за превозниците од Македонија и Хрватска, а за 2013-та година е договорено да се размени прелиминарна квота од 500 дозволи за превоз за и од трети земји, што е за 150 проценти поголем контингент од контингентот на дозволи кои до сега се разменуваа. Од Министерството уште еднаш потсетија дека веќе e овозможено целосно либерализирање на превозот со Чешка, Словачка, Велика Британија, Швајцарија , Унгарија и Босна и Херцеговина, а олеснети се процедурите за дополнителни дозволи за земјите со кои се остварува економска размена, како Италија, Бугарија, Романија, Турција, Србија и други.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември