02 Декември, 2024
0.0256

Цената на месото ќе кулминира следната година

Објавено во: Агробизнис 10 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Последиците од недостигот и високата цена на добиточната храна, следната година ќе го достигнат врвот. Проценките на светско ниво се дека во 2013 година многу фарми ќе се затворат, ќе има недостиг од свинско месо, а тоа што ќе го има ќе биде со драстично поголеми малопродажни цени. Еврпските земји веќе стравуваат дека цената на месото следната година ќе го достигне плафонот, особено кон средината на годината. Ако за свинското се предвидува недостиг, јунешкото ќе достигне невидено висока цена, па за потрошувачите ќе биде луксуз. Поради зголемувањето на цената на добиточната храна, сточарите не можејќи финансиски да издржат, ќе бидат принудени да го намалат бројот на добитокот, односно во свињарството тоа значи колење на свињите, што привремено ќе го снабди пазарот со свинско, но веќе од мај и јуни следната година ќе се почуствува недостигот. Намалување ќе има и во говедарството, па следната година поради зголемената цена на говедското месо, на пазарот ќе се бара килограм повеќе од поевтиното месо. Прогнозите се дека Европа за четери до пет години ќе се соочи со дефицит од јунешко месо. Земјите од регионот, како Србија, веќе предупредуваат дека ваквите прогнози ќе го зафатат и српското сточарско производство. Според анализите на српските експерти, фактот што во последно време добар дел од добиточната храна се користи за производство на биогориво, е причина за зголемување на цената на житариците особено на пченката. Резултатот ќе биде намален добиточен фонд и зголемени цени. Ако некогаш Србија покривала 50 отсто од потребите за месо во цела Југославија, сега речиси и да нема пазари, предупредуваат српските експерти. Односно порано извозот на младо јунешко месо тежел 30.000 тони, сега Србија не ја исполнува ниту европската квота од 8.500 тони јунешко, се извезува само 740 тони младо јунешко месо.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.