05 Декември, 2025
0.0367

Цената на шеќерот и понатаму ќе паѓа

Објавено во: Агробизнис 03 Февруари, 2013 19:35

Добивај вести на Viber

Вишокот на шеќер во светски рамки ќе се намали за 51% во периодот 2013-2014 година, спорредено  со претходната година поради пониските цени, кои доведоа до пад на производството. Ваква прогноза стои во извештајот консултантската компанија „Kingsman“ која го следи секторот со години, соопштува Блумберг. Испораките на шеќер ќе бидат за 5.6 милиони тони зголемени во однос на побарувачката за сезоната 2013-2014 година, која инаку започнува на 1 октомври. Според извештајот на „Kingsman“, се очекува производството да се намали за 1.8% до 178.5 милиони тони во однос на претходниот период. Производството во најголемиот производител на шеќер во светот - Бразил, ќе се искачи до нови рекордни вредности во сезоната, кој таму започнува во април. Во исто време, производството во другите главни производители како Индија, која е вториот најголем производител и најголем корисник, Русија, Украина, САД и Мексико ќе опаѓа. Според извештајот, производството на шеќер во Индија ќе падне до 22.25 милиони тони во 2013-2014 година од 24.24 милиони тони во претходната. Ова делумно се должи и на сувото време во државите Махараштра и Карнатака, кои заедно сочинуваат 45% од производството на Индија. Во Русија, која е е една од најголемите увозници на шеќер, производството ќе се намали до 5 милиони тони од 5.2 милиони тони во 2012-2013 година, а производството во Украина ќе се намали до 2 милиони тони од 2.4 милиони тони , прогнозита „Kingsman“. Двете земји ќе ги намалат своите засадени површини. Намалување ќе има и во Мексико и САД. Цената на шеќерот падна за 39% во текот на последните две години и очекувањата се да се намали барем за дополнителни 3.5% во 2013 година, што ќе биде најголемиот пад на производството од 1992 година, покажуваат податоците на Блумберг. Слаб раст на светската потрошувачка „Иако падот во производството изгледа чекор напрад во вистинската насока, вишците не исчезнуваат, туку продолжуваат да се трупаат и цената дополнително ќе паѓа. Овој пад сепак не е доволен за да спречи нови суфицит", се вели во извештајот. Очекувањата се глобалната потрошувачка на шеќер да се зголеми за 1.6% до 172.9 милиони тони во 12-те месеци кои започнуваат на 1 октомври, но поради вишокот на шеќер во светски рамки, тешко дека тоа ќе придонесе за поскапување на суровината, предвидуваат аналитичарите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?