26 Јуни, 2024
0.0259

ЦЕНИ: Бензините ќе поевтинуваат!?

Објавено во: Економија 04 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Цената на суровата нафта на светските берзи годинава ќе се намалува со поголемо темпо во однос на она што се предвидуваше. Според најновите проекции и очекувања на Народната Банка, цената на “црното злато“ на светските берзи и натаму ќе се намалува. “Се очекува цената на суровата нафта од типот „брент“ да забележи значителен пад во 2015 година, којшто ќе биде многу подлабок од очекуваниот во октомври, во услови на присутна нерамнотежа помеѓу основните ценовни фактори, односно при постојано присуство на структурен вишок понуда на нафта на глобалниот пазар наспроти бавниот раст на побарувачката“, посочуваат анализите на НБРМ. Дел од светските аналитичари веќе предупредија дека цените на сровата нафта се намалуваат под притисок на прекумерната понуда на пазарот но и неочекуваната најава за наследник во Саудиска Арабија, која е практично нафтен гигант кој ги диктира клучните нафтени политики. “Понудата пребрзо расте а од друга страна големото ниво на залихи и натаму ќе влијае врз цените“, наведоа аналитичарите на “Barclaysa“, според кои доплнителен фактор врз падот на цените ќе биде и забавувањето на глобалниот економски раст. Од друга страна, домашите институции анализираат дека растот на цената на нафтата ќе се случи доколку се зголеми побарувачката но и поради нарушувањата на пазарот на понудата и побарувачката поради геополитичките превирања. “Сепак, нагорното движење на цената на нафтата во последниов период укажува на присуство на одредени ризици за ваквата проекција, како што се можниот побрз раст на побарувачката, привремените нарушувања на понудата на нафта од геополитички причини или пак согледувањата на пазарните учесници дека цената на нафтата веќе го достигнала минималното ниво и почнува неповолно да се одразува врз производството на нафта во САД. Од друга страна, сега се очекува дека цената на нафтата значително ќе порасне во 2016 година, наспроти октомвриската проекција за минимален пад. Сепак, се очекува нивото на цената на нафтата да биде за околу 20% пониско од цената којашто се предвидуваше во  октомври“, посочува НБРМ. Во јануари, односно со почетокот на годинава цената на нафтата се спушти на шестгодишен минимум а потоа следуваше раст, пришто нафтата од типот „брент“ поскапе за 45 отсто. Постојат различни проценки како промената на цената на нафтата, ќе влијае на економскиот раст и инфлацијата во светот. Економистите на банката UBS проценуваат дека поскапувањето на нафтата од 15 долари во САД ќе доведе до забрзување на инфлацијата во наредната година. Според методологијата за пресметка на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија, меѓудругото, како репер е и цената на нафтата на светските берзи.

Можеби ќе ве интересира

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија

СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија