Цените растат – инфлацијата закана за стандардот ?
Објавено во: Анализа 09 Ноември, 2012 09:31
Храната поскапе за 6%. Еве каде е регистиран најголем скок :
Позначен ценовен пораст има во образованието за 10,1% и кај здравството 4,6%. Дека цените и натаму ќе растат потврдуваат трговците од малопродажбата. Според нивните очекувања и последните три месеци од годинава ќе поминат во знакот на ценовен раст. Токму на опасноста од зголемување на инфлаторниот притисок предупреди и Народната Банка, според чии анализи високите цени ќе бидат закана за економијата не само догодина туку и во 2014 та. НБМ укажува дека во третиот квартал од годинава, поради поскапување на нафтата и на енергијата, стапката на инфлација била поголема од онаа што била предвидена. “Во услови на повисока стапка на инфлација во третиот квартал и нагорни ревизии на оцените за увозните цени на енергијата, се оценува дека просечната инфлација ќе изнесува 3,4% во 2012 година и 3,5% во 2013 година. Стабилизирање на инфлацијата се очекува во 2014 година, кога таа би се вратила на нивото од околу 2,6%. И покрај нагорната ревизија, инфлациските движења засега не се оценуваат како високо ризични, со оглед на тоа што повисоката инфлација е предизвикана од фактори на страната на понудата “ - оценија од НБМ.
Во меѓувреме и Владата со новите буџетски прокеции за 2013 та година ги потврди очекувањата дека ќе има поскапувања. Спред предлог-буџетот за догодина , инфлацијата е проектирана на 3,5 отсто и во споредба со годинашните позиции, таа е на повисоко ниво.
Според статистичарите, проектираните бројки за годинава се дел од оптимистичкото сценарио за стапката на инфлација. Економистите сметаат дека таа до крајот на годинава може да достигне и 6 отсто,ако се земе во предвид дека во последните неколку месеци Заводот за статистика мери посериозен раст на цените.
Како е во Европа и во светот ?
Додека во земјава стапката на инфлација надмина 5 отсто, во Европската Унија таа се движи не повеќе од 3%. Најновото мерење на европските статистичари покажува дека стапка на инфлација во Еврозоната во октомври изнесувала 2,5% и во однос на септември бележи намалување ( кога изнесувала 2,6% ). Ова ниво, што европската статистика го нарекува “стабилна инфлација“ се оддржува во текот на сите изминати месеци. Еве кои се показателите за инфлација во различни земји:
Поголема инфлација е измерена на пример во Туција , кога во август стапката достигна 8,9отсто,
На Балканот, критични стапки на инфлација и се закануваат на Србија, која за годинава има проектирана инфлација од 10 %, но најновите анализи укажуваат дека таа ќе надмине 13 отсто. Во Србија во септември беше измерена инфлација од 10,3%. Во земјата во континуитет се регистрираат поскапувања на храната , греењето и превозот. Како клучни причини за поскапувањата се посочуваат сушата, експлозијата на кусот на еврото и одложувањето на зголемување на контролираните цени во постизборниот период. И Хрватска ја регистрираше рекордно највисоката стапка на инфлација во последните триипол години . Хрватскиот Завод за Статистика во септември измери инфлација од 5 отсто , потенцирајќи дека ова ниво е поголемо од она што се очекувало . Во Хрватска вртоглаво растат цените за домување, образование и енергија (+ 13,5%), потоа овошјето (+25,1%) ,храната (+5,5%) и здравството (+ 2,9%). Најниска инфлација на ниво на Европа во септември е измерена во Норвешка (-0,1%), Грција (+0,3%) и Шведска (+1,0%). Една од водечките светскёи економии – кинеската економија објави инфлација од 1,9 отсто во септември.
Пртисокот од ценовниот пораст нема да попушти и догодина, кога во глобални рамки се очекува цените на енергенсите и на храната и натаму да растат.
Д.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





