Центарот за управување со кризи бара предвремени мерки поради најавите за интензивни врнежи од дожд
Објавено во: Мои пари 12 Март, 2013 13:00
Центарот за управување со кризи ги извести сите надлежни субјекти кои се дел од Системот за управување со кризи, вклучувајќи ги и единиците на локалната самоуправа, со цел преземање навремени мерки за отстранување на ризиците и опасностите кои би дошле како резултат на евентуални нови поплавни бранови. Согласно прогнозираните временски услови и најавите за интензивни врнежи во одредени подрачја, како и со оглед на се уште високите нивоа на реките, можна е појава на поплавни бранови, особено во регионите каде се уште има снег.
Заради превентивно делување, соошти Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ќе достави вреќи за песок во критичните места каде што е тоа потребно. Врз основа на хидролошката состојба и најавите за временската прогноза за наредните денови, денеска се одржа состанок на Координативното тело за справување со поплави.
Под дејство на јужните струења и интензивните врнежи, како што се наведува, може да настане покренување на снежните маси и појава на поплавни бранови во сливните региони на подножјето на Шар Планина, Кораб, Пелистер и Кожув.
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да учествуваат во расчистување на малите канали кои се наоѓаат во нивна непосредна близина, а кои се затрупани со цврст отпад кој го зголемува ризикот и опасноста од поплава. Исто така, на граѓаните им се препорачува доколку забележат одредени појави кои претставуваат закана по животот на луѓето и нивните материјални добра да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици 195 на Центарот за управување со кризи и да пријават во инспекциските комунални служби на општините во кои живеат, со цел надлежните служби навремено да реагираат, стои во соопштението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





