16 Декември, 2025
0.0347

Ципрас: Бараме решение на проблемите во рамките на еврозоната

Објавено во: Балкан 11 Април, 2015 12:58

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се обидува да ги смири стравувањата кои може да ги предизвика неговата посета во Москва меѓу европските партнери на Грција, велејќи дека иако Русија да е "стратешки избор" за Атина, грчката влада ќе бара решение на проблемите со долгот во рамките на еврозоната, пишува грчки Kathimerini.

По состанокот во средата со рускиот претседател Владимир Путин Ципрас се состана со својот руски колега Дмитриј Медведев и други официјални руски претставници, како и со патријархот на Москва и на цела Русија Кирил, пишува весникот.

"За Грција, Русија е составен дел од нејзината динамична, повеќеслојна надворешна политика, која има за цел да ја користи геополитичката позиција на Грција на таков начин земјата повторно да добие перспективи за раст и да ја зајакне својата улога на меѓународната сцена", изјави Ципрас во говор пред Московскиот институт за меѓународни односи.

Ципрас истакна дека приоритет на Грција е решавање на финансиските нејзини проблеми во еврозоната. "Ние гледаме на проблемот со кој се соочуваме, како на општ европски проблем и поради оваа причина бараме заедничко европско решение", рече грчкиот премиер.

Во меѓувреме, германската влада ја поздравува исплатата на грчката транша на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го опиша како "позитивен сигнал", пренесе AFP повикувајќи се на портпаролката на кабинетот на канцеларката.

Од своја страна портпаролктаа на Министерството за финансии "забележа напредок" во преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори, но обрна внимание дека сеуште нема листа со реформи.

Институциите, како што веќе се нарекува тројката кредитори (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) на инсистирање на Грција, треба да одобрат патоказ за реформи предложени од грчката влада, за да можат да бидат доделени неколку милијарди евра помош на земјата, чија каса е празна .

Грција должеше 459 милиони евра на ММФ кон 9 април и покрај сомнежите од почетокот на неделава, вчера изврши исплата.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството